Со низа работилници ја испративме неделата по завршувањето на ЕдуКонференцијата во нашето училиште.
Одделенските наставници Даниела Салтирова Кочијева и Радмила Искова во соработка со наставниците амбасадори за роботика Мирослав Митиќ, Билјана Лазаревска, Даниела Крстевска, Дијана Илиевска Ковачевска и Бојан Василев од Пријатели на Образованието (https://www.friends-of-education.org/en/) заедно со учениците кодираа и откриваа емоции, кодираа пирамида на вредности и градеа емпатија со кодирање.
Игри и мапи кој беа создадени од самите наставници и претставени на 6та интернационална ЕдуКонференција им беа презентирани на учениците кои со огромно задоволство кодираа заедно со наставниците.
 
 

             

Leave a Reply