Нашата Катерина Гаштов е една од првите наставнички со која започна приказната на Пријатели на Образованието со нас е од самите наши почетоци секогаш спремна и активна како во минатото така и сега.
Заедно со нашите другарчиња од IVб од ООУ „Киро Глигоров“ – Центар, Скопје, со Роби-Емпатико, програмираа и чекаа нивното „среќно бројче„ да биде извлечено за да можат да го отворат своето срце и да бидат причина за нечија насмевка, прегратка, помош.
Да ги разберат чувствата и желбите на другарчињата и да сочувствуваат со нив.
Преку работилницата за емпатија со Емпатико,а согласно содржината од новата концепција, на интересен начин ја одбележавме неделата на кодирање и ја засиливме оваа позитивна човечка особина

         

Leave a Reply